Фото: Влада на РСМ

ФРОНТЕКС со честитка по повод 8 Септември: Ден за славење на достигнувањата и напредокот на вашата земја

По повод 8 Септември – Денот на независноста преку Министерството за внатрешни работи честитка упати и Оперативниот тим на европската Агенција за гранична и крајбрежна стража (ФРОНТЕКС).

Во честитката, во чест на овој посебен ден кој претставува постигнување значајна пресвртница во историјата на земјата, како што информираат од МВР, се вели: „Овој ден го означува раѓањето на вашата нација и почетокот на новото поглавје во вашата историја. Тоа е ден за сеќавање и чест на жртвите на вашите предци кои се бореле за слободата и ослободувањето на вашата земја. Ова е, исто така, ден за славење на достигнувањата и напредокот што вашата земја ги постигна низ годините“.

Операцијата на Фронтекс во земјава официјално стартуваше на 20 април, откако на 26 октомври 2022 година во Скопје за време на посетата на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и еврокомесарката за внатрешни работи Илва Јохансон го потпишаа Договорот за ФРОНТЕКС, кој е прв ваков договор помеѓу ЕК и Република Северна Македонија на македонски јазик.

Овој Договор отвори можности за воспоставување заеднички операции на европската Агенција за гранична и крајбрежна стража на територијата на Република Северна Македонија, а со неговата операционализација 111 полицајци од земји членки на Европската Унија даваат поддршка на македонската гранична полиција во преземањето мерки и активности за обезбедување на јужната граница која е на патот на т.н. западнобалканска мигрантска рута.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот