Французите масовно ја деинсталираат апликацијата за следење на ширењето на Ковид-19

Кон крајот на мај, Франција им обезбеди на граѓаните да го следат ширењето на вирусот преку апликација на мобилните телфони, а повеќе од два милиони луѓе ја инсталираа апликацијата.

Речиси половина милион Французи кои првично ја инсталираа мобилната апликација за следење на ширењето на Ковид-19, ја избришаа апликацијата на своите мобилни телефони во изминатите неколку дена.

Министерот за дигитални работи на Франција, Седрик О’Нил истакна дека е бришењето на апликацијата е резултат на фактот дека ширењето на вирусот, а со тоа и стравот од инфекција, се намалува.

Кон крајот на мај, Франција им обезбеди на граѓаните да го следат ширењето на вирусот преку апликација на мобилните телфони, а повеќе од два милиони луѓе ја инсталираа апликацијата.

Апликацијата овозможи 68 лица да откријат дека се позитивни на новиот коронавирус, а 14 лица добија известување дека биле во контакт со заразени лица.

Во многу земји во Европска Унија е воведена апликација за следење на вирусот, но апликациите на различни земји на ЕУ не се поврзани.  На пример, ако некој е на одмор во друга земја, не може со домашната апликација да следи дали е во контакт со заразено лице, надвор од својата земја.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот