
Француските власти се сомневаат дека Срби по руска нарачка ставале свински глави пред џамии во Париз
Сомнежи дека Срби и Руси поставиле свински глави пред џамии во Франција се појавија во текот на истрагата за верската провокација која се случи неделава во Париз, пишува „Еуроњуз“ повикувајќи се на извори од француското обвинителство.
Препорачано
Настанот предизвика предизвикаа напната дебата за исламофобијата во Франција, а тој доаѓа во време на големи социјални тензии во земјата, во која се одржуваат масовни антивладини протести, додека новиот премиер Себастијан Лекорну стапува на функцијата.
Обвинителите во средата открија дека двајца странски државјани кои избегале од земјата стојат зад инцидентот, што беше квалификувано како обид за „предизвикување немири во нацијата“. Според властите, француски земјоделец од северниот регион Нормандија им се обратил на истражителите, тврдејќи дека двајца мажи кои возеле автомобил со српски регистарски таблички, купиле од него десетина свински глави.
Канцеларијата на парискиот обвинител потврди дека снимките од безбедносните камери го поткрепиле сведочењето на земјоделецот, откривајќи дека истите двајца луѓе патувале за Париз во понеделникот навечер, за кога има сомневања дека ги поставиле свинските глави пред џамиите во главниот град, како и во четири градови во предградијата на главниот град: Монтреј, Монруж, Малакоф и Жентили.
Презимето на францускиот претседател Емануел Макрон наводно било врежано на една од главите на свињите, според француските медиуми.
Се верува дека осомничените излегле од француска територија и ја преминале белгиската граница во вторникот наутро. Во исто време, обвинителите велат дека ти дека веројатно „користеле хрватски телефонски број, кој бил следен до преминот на границата“.
Обвинителите отворија истрага за „служење на интересите на странска сила или странска или компанија или организација контролирана од странство“, како и јавно поттикнување „омраза или насилство врз основа на потекло, етничка припадност, националност, раса или религија“. За овие кривични дела се предвидено казни затвор од шест години и една година.
Русија осомничена за низа претходни инциденти
Во вторникот, кога веста за главите на свињите почна да ги освојува националните и меѓународните наслови, шефот на париската полиција Лоран Нуњез изјави дека „не може, а да не се повлечат паралели со претходните дејствија за кои се покажа дека се дела на странско мешање“.
Иако оваа истрага за инцидентот со свинските глави е во тек, „Еуроњуз“ потсетува дека во Франција во последниве години се случија низа слични инциденти, а Русија беше осомничена за вмешаност или за оркестрирање на овие операции.
Во јуни, три синагоги, еврејски ресторан и споменик на холокаустот беа испрскани со зелена боја во историскиот кварт Маре и во 20-иот арондисман на градот. Француските власти идентификуваа тројца бугарски државјани како осомничени, додека според францускиот весник „Ле Канар Еншане“, истражителите се сомневаа дека Москва стои зад овие акти на вандализам.
Како одговор, руските власти негираа каква било вмешаност и ги опишаа обвинувањата како „глупави“ и „скандалозни“.
Верска провокација во Франција: глави од свињи пронајдени пред париски џамии