Француските синдикати најавуваат нови протести на 2 октомври

Француските синдикати денес објавија дека ќе одржат уште еден ден протести на 2 октомври, повикувајќи на штрајкови и демонстрации, по средбата со новиот премиер на земјата Себастијан Ле Корнеј, објави Ројтерс, пренесува БТА.

Стотици илјади луѓе протестираа на 18 септември против мерките за штедење организирани од синдикатите, барајќи откажување на фискалните планови на претходната влада, како и повисоки даноци за богатите и откажување на зголемувањето на возраста за пензионирање. Досегашните протести, започнати од осум француски синдикати, обединети за прв пат од 6 јуни 2023 година, се насочени против „прекумерните“ буџетски мерки преземени ова лето од поранешниот премиер Франсоа Бајру за намалување на дефицитот на Франција, што вклучуваат намалувања на јавните услуги, реформа на осигурувањето за невработеност и замрзнување на социјалните бенефиции.

Неговата влада го загуби гласањето за доверба побарано од Националното собрание (долниот дом на парламентот) на 8 септември поради непопуларните планови на кабинетот за намалување на буџетскиот дефицит на земјата, кој минатата година достигна 5,8 проценти од бруто домашниот производ (БДП) – речиси двојно повеќе од официјалното ниво на ЕУ од 3 проценти.

Неговиот наследник, Себастијан Ле Корнеј, исто така вети дека ќе го намали односот долг-БДП, кој е на 114 проценти, а воедно вети и „фундаментални промени“. Од 2 септември, синдикатот на Генералната конфедерација на работници повикува на штрајкови во францускиот енергетски сектор, барајќи повисоки плати и намалување на ДДВ за енергијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот