протести во Франција/ Фото: EPA-EFE/YOAN VALAT

Франција: Штрајк на автошколите, се очекуваат 3.000 автомобили на Плоштадот на Републиката во Париз

Штрајк на автошколите е закажан за денес во Франција, а според француските медиуми, се очекуваат околу 3.000 автомобили на Плоштадот на Републиката во Париз.

„Автошколите се мобилизираат за да го изразат своето незадоволство против недостатокот на места за полагање на возачки испит, што ги принудува учениците да чекаат со месеци, иако постојат соодветни решенија“, изјави еден од инструкторите по возење за парискиот весник „Ле Фигаро“.

Традиционалните автошколи се повикани да штрајкуваат и да собираат возила напладне на Плоштадот на Републиката во Париз.

„Професионалните организации што ги претставуваат автошколите, исто така, ќе побараат состанок во Премиерската палата во Матињон“, потврди Патрик Мирузе, раководител на мрежата на автошколи ECF и претседател на Unidec, еден од синдикатите што стојат зад протестот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот