Илустрација: Жито / Фото: Ashraf Amra / Zuma Press / Profimedia

Франција работи на копнени рути за извоз на украинско жито

Франција работи на тоа да и дозволи на Украина да извезува храна по копнен пат преку Полска и Романија, изјави денеска министерот за земјоделство Марк Фено, откако Русија се повлече од клучниот договор за извоз среде војната со Украина.

„Сакаме да видиме, ако не е можно да се премине Црното Море, дали тоа може да се направи по копнени патишта, особено низ Романија и Полска”, изјави министерот Фено за радиото РМЦ.

„Ќе продолжиме да работиме според систем во кој нема да зависиме од добрата волја, во овој случај лошата волја на Владимир Путин”, рече Фесно.

Русија во саботата го суспендираше своето учество во договорот на ОН за жито „на неодредено време” по, како што наведе, големиот напад од украински беспилотни летала врз нејзината црноморска флота на Крим.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот