Франција падна на судот во Стразбур на разводот на сопружници поради сексуалните односи

Жената која одбива сексуални односи со својот сопруг не треба да биде сметана од правосудството за „виновна“ во случај на развод, одлучи Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП), кој денеска ја осуди Франција.

Судот ја оправда тужителката, 69-годишна Французинка чиј сопруг се развел од неа по нејзина вина, бидејќи со години престанала да има сексуални односи со него.

Во одлуката што ја донесе денеска, судот, со седиште во Стразбур, потсетува дека „секој сексуален чин без согласност е форма на сексуално насилство“.

„Судот не може да прифати, како што тврди владата, дека согласноста за брак вклучува согласност за идни сексуални односи. Таквото оправдување би го отстранило од брачното силување неговиот пеколен карактер“, наведува ЕСЧП.

„Се надевам дека оваа одлука ќе означи пресвртница во битката за правата на жените во Франција“, одговори тужителката во изјавата објавена од нејзината адвокатка, Лилија Мишен.

Во јули 2018 година, семејниот судија на судот во Версај пресуди дека разводот не е по никаква вина и дека здравствените проблеми на сопругата го оправдуваат постојаното отсуство на сексуални односи меѓу двојката.

Меѓутоа, во 2019 година, Апелациониот суд во Версај го издаде разводот по единствена вина на сопругата поради нејзиното одбивање да има сексуални односи со нејзиниот сопруг.

Против решението тужителката поднел жалба која не била уважена.

Сопругата потоа поднела жалба до ЕСЧП врз основа на член 8 од Европската конвенција за човекови права за правото на почитување на приватниот и семејниот живот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот