Фото: Скриншот/Инстаграм

ФОТО+ВИДЕО | „За многу години!“: Миа Костова го прослави св. Никола со најблиските во скопска винарија

Популарната инфлуенсерка Миа Костова го прослави празникот Свети Никола на начин кој ја истакна љубовта кон традицијата.

Денот ѝ започна со посета на црква, каде што заедно со блиските ја благослови погачата, дел од обичаите за овој голем празник.

„За многу години Свети Никола. Мир, здравје и благодет“, напиша таа на Инстаграм.

Вечерните часови, пак, беа резервирани за убаво дружење во винарија, каде што атмосферата беше исполнета со убава музика, смеа и прекрасна храна. Со исклучително внимание на деталите, Костова се погрижи вечерта да биде посебна за сите присутни, додека чашите со вино додаваа дополнителна магија на празничниот дух.

Празникот Свети Никола е еден од омилените празници на Костова, која секоја година вложува напор да го одбележи со посебна емоција и внимание.

Еден од највпечатливите моменти, кои Костова ги сподели на Инстаграм, беше тоа дека на прославата била присутна и мајка ѝ на Тијана, Суада. Инаку Тијана ѝ е една од најблиските пријателки на Костова.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот