Фото: Слободен печат

ФОТО+ВИДЕО: Тешка борба во тетовско Фалише, експлозии од боци изминатава ноќ го разгоруваа пожарот, оганот е локализиран, но не и ликвидиран

Во продажниот салон и магацин на компанијата „Евроком“ во тетовско Фалише каде вчера избувна голем пожар кој ги пеплоса и двата објеки, оганот и локализиран, но не и целосно ликвидиран.

На моменти избувнуваат мали пламени јазици, а густиот црн чад веќе втор ден се надвиснува над овој дел на тетовско.

Командирот на Територијалната противпожарна единица-Тетово Авни Амети очекува во текот на денешниот ден пожарот целосно да се стави под контрола.

„Се работеше за стотина тони материјал претежно хемикалии, кои не можете веднаш да ги угасите, а во текот на ноќта па и денеска имавме експлозии од боци и болјери кои дополнително го разгоруваа пожарот.Штетите се огромни за компанијата, напорите наши се големи веќе втор ден. Беше опасно за пожарникарите да се приближат и да го гаснат пожарот. Имаше голема температура. Мислиме дека денеска целосно ќе го ликвидираме пожарот. Ни беа на помош пожарникари од Скопје и Куманово како и од Центарот за управување со кризи“, рече Авни Амети командир на ТППЕ Тетово.

Фото: Слободен печат

Командирот Амети, вели дека пожарите во објектите во зимскиот период се се почести, а причината според него лежи во немањето на соодветната противпожарна заштита. Се даваат дозволи на фирми без да се запазат основните стандарди за заштита од пожар.

„Ваквите објекти внатре имаат огромни и многу материјали што се лесно запалливи. На ваквите објекти им се дадени лиценци без никакви дозволи, ниту имаат систем на хидранти или некоја противпожарна заштита. Надлежните кои даваат дозволи треба повеќе да внимаваат оти во полошко имавме два вакви слични пожари, а фирмите немаа ниту хидранти, ниту некаква заштитна опрема. Уште еднаш ги замолувам надлежните кои даваат дозволи за отворање на вакви погони да внимаваат оти навистина е голем проблем. Кога избувнува пожар ние не можеме да бидеме на лице место веднаш, ни треба 5 до 10 минута да стигнеме, и затоа мораат објектите за првично да интервенираат да имаат противпожарна заштита“, вели командирот на ТППЕ- Тетово Авни Амети.

Фото: Слободен печат

Во околината околу опожарениот објект се уште се надвиснуваат облаци од чад. Се чуствува големо аерозагадување.

Здравствените работници апелираат мештаните од тој дел на тетовско да не излегуваа од дома без потреба и прозорците да останат затворени.

Директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов, вчера изјави дека ќе побара специјални армиски едини да испитаат дали имаа штетни токсини во воздухот, а ќе се анализира и составот на почвата и водата околу опожарениот објект.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот