Фото: EPA-EFE/ADAM VAUGHAN

ФОТО+ВИДЕО | Taжни сцени пред „Енфилд“: Навивачите на Ливерпул се простуваат од Жота

Тажна е атмосферата во Португалија и Ливерпул по веста за трагичната смрт на Диого Жота, кој заедно со својот брат Андре го загуби животот во сообраќајна несреќа за време на одмор во Шпанија.

Како што потврдија шпанските власти, несреќата се случила поради пукната гума, при што автомобилот на Жота излетал од патот и веднаш по ударот се запалил. Возилото било целосно уништено, а кога пристигнала медицинската екипа, можела само да ја констатира смртта на двајцата браќа.

Скршени од болка, фановите на Ливерпул започнаа да се собираат пред „Енфилд“, каде што палат свеќи, оставаат цвеќиња, дресови и пораки со последен поздрав за својот миленик.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот