Фото: Принтскрин / Јутјуб

ФОТО+ВИДЕО | Се сретнаа највисоката и најниската жена во светот: Двете се носителки на Гинисов рекорд и имаат многу заеднички работи

Највисоката и најниската жена во светот се сретнаа на попладневен чај во Лондон за да ја прослават 20-годишнината од Денот на Гинисовата книга на рекорди. Видеото од нивната интересна средба го објави Гинисовата книга на рекорди.

Румејса Гелги, 27-годишна турска веб-програмерка и индиската актерка Јоти Амге (30), размениле приказни и животни искуства за време на нивната средба во хотелот „Савој“.

Гелги, турски научничка и правник, е висока неверојатни 215 см. Од друга страна е Амге, индиска актерка, е висока не повеќе од 63 сантиметри.

„Беше прекрасно да се запознаам со највисоката жена на светот. Таа е толку добродушна, што се чувствувам многу удобно со неа“, рекла  Гелги и додала дека таа и Амге имаат многу заеднички работи.

„И двете сакаме грижа за себе, шминка, нокти и накит“, рекла таа.

Фото: Принтскрин / Јутјуб

Необичните пријателки продолжиле да разговараат и да пијат чај. Дуото ја доби титулата икони во јубилејното 70-то издание на Гинисовата книга на рекорди.

„Никогаш не мислев дека ќе ме наречат икона, а особено ми е драго што тоа се случи во 70-тото издание на Гинисовата книга на рекорди. Не можам да опишам колку сум среќна“, изјавила Амге.

„Да се ​​видам себеси меѓу сите оние уметници и спортисти на кои отсекогаш им се восхитував – тоа е чувство што не може да се опише“, рекла воодушевено Гелги.

Според Гинисовата книга на рекорди, Гелги на 17-годишна возраст е прогласена за највисока тинејџерка во светот, а во 2021 година е потврдена како највисока жена на светот. Од друга страна, во 2009 година, на 15 години, Амге беше прогласена за најниска тинејџерка, а во 2011 година беше потврдена како најниска жена на светот.

Гелги има ретка состојба наречена Вивер синдром, која предизвикува брз раст и скелетни деформитети. Таа е всушност само 27-от дијагностициран случај во светот и прв таков случај во Турција. Додека пак Амге, која ја играше улогата на Ма Петит во американската ТВ серија „Американска хорор приказна“, има форма на џуџест раст наречен ахондроплазија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот