Патрик Демпси
Патрик Демпси на насловната страница на „Пипл“ / Фото: Инстаграм/„Пипл“

ФОТО+ВИДЕО | Патрик Демпси е прогласен за најсекси маж за 2023 година

Популарното американско списание „Пипл“ секоја година избира „Најсекси маж на годината“, а оваа титула ја доделува на згодни познати личности уште од далечната 1985 година.

Според „Пипл“ и неговите читатели, актерот Патрик Демпси (57) е најзгоден маж за 2023 година.

„Многу ми е драго што ова се случува во овој период од мојот живот. Убаво е да се добие ова признание, а и малку го крена моето его, но ми даде платформа која можам да ја искористам за нешто позитивно“, изјави Демпси, кој ќе ја краси насловната страница на „Пипл“.

Патрик Демпси
Фото: Инстаграм/„Пипл“

Такво нешто е центарот „Демпси“, кое тој го формираше по смртта на неговата мајка и е место за поддршка на оние кои се соочуваат со канцер.

Многу важен дел од неговиот живот е и неговото семејство – сопругата Џилијан (57) и нивните три деца, 21-годишната ќерка Талула и 16-годишните близнаци, синовите Суливан и Дарби.

Кога првпат дознал дека е прогласен за најсекси маж на годината, тој бил целосно шокиран.

„Јас бев целосно шокиран, па почнав да се смеам. Си реков: ‘Ова е некоја шега, така?’ Целосно заборавив на тоа и никогаш не ни размислував да бидам на оваа позиција. Значи, моето его е добро“.

Што се однесува до тоа како неговите деца ќе одговорат, Демпси вели: „Тие само ќе ме исмејуваат и ќе ми ја посочуваат секоја причина зошто јас не треба да бидам (најсекси маж на годината. Што е добро, тие ме одржуваат млад“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот