Фото: Методи Здравев / Слободен печат

ФОТО+ВИДЕО | Најмасовен протест досега против загадувањето од „Вардариште“

Петти ден по ред, жителите на скопската населба Аеродром излегоа на протест поради загадениот воздух од дивата депонија „Вардариште“ и актуелниот пожар на депонијата „Дрисла“. Денешниот протест беше најмасовниот досега и на него учествуваа неколку стотици граѓани.

Фото: Методи Здравев / Слободен печат
Фото: Методи Здравев / Слободен печат

Граѓаните повторно ја блокираа клучната крстосница меѓу булеварите „АСНОМ“ и „Србија“, барајќи итно решавање на еколошката криза. По ова, тие тргнаа на протестен марш од мостот до зградата на Општина Аеродром, носејќи транспаренти и извикувајќи пароли. Велат дека со години трпат неподнослива миризба и загаден воздух од Вардариште, а нивното здравје е директно загрозено.

Незадоволството кулминираше по пожарот кој избувна во неделата, кога делови од Аеродром останаа без струја, а густиот чад дополнително го загади воздухот.

„Градоначалникот на Гази Баба, зар не видел дека таа депонија е нерегуларна? Колку години е градоначалник? Ја немам ништо против, ама не можеш да гледаш во својата општина, да не гледаш дека има таква депонија. И вели: „За ‘дивно чудо’, никој досега ништо не преземал. Не знам кај ќе ни биде крајот,“ рече една учесничка на протестот.

„Загаден е Аеродром многу од „Вардариште“. Мислам дека никогаш нема да го средат, треба огромни пари тука. Јас од дете сум тука, сум растел во Автокоманда. Имаше неколку езера тука. Тука има 76 хектари земјиште. Тоа е сè наполнето, во длабочина 20-30 метри има. Тоа да се исчисти… тешко. Само лажат политичариве, без разлика која партија е на власт, си играат играчки со народов. А, ние се труеме“, рече друг демонстрант.

Од граѓанската иницијатива „Стоп за Вардариште“ повикаа институциите на итна акција. Тие бараат депонијата да се загради и обезбеди, да се постави постојано обезбедување и ограда, како и камери со 24/7 јавен пристап.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот