
ФОТО+ВИДЕО: На „Скопско лето“ промовирана книгата „Боксерски асови на Македонија“ од Ставре Џиков
Денеска со почеток од 12:00 часот во Ресотранот „Пелистер“, Ставре Џиков ја промовираше својата книга посветена на легендите во македонскиот бокс која го носи името „Боксерски асови на Македонија“.
Препорачано
Како промотори на настанот се појавија познатиот македонски новинар: Зоран Миихајлов, тренерот Миле Смислески и боксерот Бобан Блажевски.
Настанот беше одржан во рамки на манифестиацијата „Скопско лето“.
„Ми претставува големо задоволство што во една ваква пригода сум поканет од господинот Ставре Џиков со кого сме добри пријатели, а исто така и неговиот брат Борче Димовски кој е покоен, тој беше првиот македонски олимпиец во Мексико 1980 година. Двајцата беа наши први претставници во еден поединечен спорт. Боксот секогаш имаше свои адути на големите натпреварувања“, изјави Михајлов на самиот почеток на прес-конференцијата.
Се потсети Михајлов и на почтоците на Блажевски кој во боксот се појавил и со над 100 килограми.
„За тој дел има и во книгата на Џиков, а со тренинзи и припреми успеа да дојде до 70 килограми и средна категорија каде што беше одличен. Во тоа време тука беа Тони Насковски и Тони Јаневски кои ги бранеа боите на Македонија на Светското првенство во Берлин. Ги спомнав овие тројца, меѓутоа имаше и други боксери, се сеќавам и на Ивановски.
Одлично е што Џиков успеа да направи еден ваков проект кој ќе остане како дел од нашата историја. Ако немаме вакви проекти и не би можеле да докажуваме кои сме и што сме“, истакна Михаилов.
Пред присутните зборуваше и тренерот Миле Смилески кој изрази и посебна благодарност до Драган Живковиќ и Бранислав Димитров кои исто така имале огромен придонесот за успехот на македонскиот бокс.
„Како тренер јас би дополнил дека со Љупчо Павлевски долго време работевме за да постигнеме некаков успех и понатаму продолжуваме. Тука се и нашите најдобри боксери кои сме ги имале како: Тони Јаневски, Тони Насковски, Боби Блажевски, Боби Смутков, како и ред други. Важно е да се каже дека без напорната работа и нашите спонзори, Драган Живковиќ и Димитров Бранислав, не би направиле ништо. Ние работевме, но пешки не можеме да отидеме до Берлин или Куба, па така без нив двајца ништо не би посигнале“, додаде Смилевски.








