Кој е Следен герила/ Фото „Слободен печат“ Слободан Ѓуриќ

ФОТО+ВИДЕО | „Кој е следен?“ со герила акција пред Обвинителството бара неселективна правда и одговорност за системската корупција

Движењето „Кој е следен?“ со герила акција пред Основното јавно обвинителство во Скопје потсетуваат на трагичната несреќа во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Како што велат од организацијата, со ваквата герила акција испраќаат порака за потребата од неселективна правда и одговорност за системската корупција.

„Корупцијата и моќта убиваат. Безбедноста е основно право и ние нема да престанеме да се бориме додека институциите не почнат вистински да служат на граѓаните“, порачаа од движењето.

 

 

Кој е следен герила/ Фото „Слободен печат“ Слободан Ѓуриќ

Од „Кој е следен?“ги повикуваат сите граѓани да им се придружат  на родителите на загинатите во несреќата, кои секоја сабота во 16:05 часот маршираат низ Кочани, барајќи правда и одговорност.

Кој е следен герила/ Фото „Слободен печат“ Слободан Ѓуриќ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот