Ким Џонг Ун пристигна во Пекинг / Фото: EPA/KCNA

ФОТО+ВИДЕО | Ким Џонг-ун пристигна во Пекинг во „подвижна тврдина“

Препознатливиот оклопен воз на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун повторно се најде во центарот на вниманието, откако го транспортираше во Пекинг, каде ќе се сретне со кинескиот претседател Си Џинпинг и рускиот претседател Владимир Путин. Ова е прва посета на Кина од јануари 2019 година и се очекува тој да присуствува на воена парада по повод 80-годишнината од крајот на Втората светска војна.

Возот, кој севернокорејските медиуми го нарекуваат „подвижна тврдина“, пристигна во Кина рано утринава, со Ким и водечки функционери на Работничката партија и власта во Северна Кореја. Со него во Пекинг пристигна и неговата помлада ќерка Ким Џу-ае, за која се верува дека може да го наследи, пишуваат медиумите.

Министерството за обединување на Јужна Кореја објави дека возот има непробојно стакло, зајакнати подови и ѕидови отпорни на експлозии, како и противвоздушно оружје. Според јужнокорејски воени извори, возот е опремен и со радарски водени топови, ракетни лансери земја-воздух, па дури и хеликоптер за итни случаи.

Ким Џонг Ун пристигна во Пекинг / Фото: EPA/KCNA

Ова ја зголемува неговата тежина, а максималната брзина изнесува околу 56 километри на час, па патувањето до Пекинг, долго околу 1.300 километри, трае приближно 20 часа.

Ким Џонг Ун пристигна во Пекинг / Фото: EPA/KCNA

На утрешната воена парада, лидерите на Кина, Русија и Северна Кореја ќе се сретнат за првпат, а експертите оценија дека присуството на Ким и Путин го формализира трилатералниот однос меѓу трите земји пред јавноста.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!