
ФОТО+ВИДЕО | Јелена Спенџарска го покажа момчето: Зетот е од Солун
Познатата водителка на утринска програма и инфлуенсерка, Јелена Спенџарска покрај на малите екрани, сѐ повеќе внимание привлекува со објавите на социјалните мрежи.
Препорачано
Јелена е активна на популарните друштвени мрежи, особено на Инстаграм, каде ја следат повеќе од 40.000 следбеници. Профилот на убавата водителка е преплавен со прекрасни фотографии и видеа, како професионални, така и приватни фотографии и моменти споделени пред очите на јавноста.
Последната нејзина објава го привлече нашето вниманието. Спенџарска објави неколку фотографии и видеа на кои се гледа дека максимално ужива во бакнежите и прегратките на непознат маж, кој судејќи според објавите е нејзино момче.
View this post on Instagram
„Конечно. Нашиот прв Божиќ заедно“ – напиша водителката во описот на едно од прекрасните видеа.
Спенџарска долго време јавно зборуваше дека е во потрага на момче кое ќе го освои нејзиното срце. Неофицијално, партнерот на Јелена е Грк, кој живее во Солун, каде и ги минуваат празничните денови.
Голема елка и многу подароци под неа. Јелена на својот партнер му подари карирани празнични пижами и рачно декорирана рамка со заеднички фотографии. Јелена сè уште не откри колку време се заедно со момчето, а ние ќе ја почитуваме нивната приватност.
Им посакуваме вечна љубов!