Џони Деп како Џес Спероу / Фото: Comunidad De Madrid / Zuma Press / Profimedia

ФОТО+ВИДЕО | Човек со големо срце: Џони Деп го облече костимот на Џек Спероу и ги посети децата на онкологија во Шпанија

Џони Деп повторно се појави во костимот на Џек Спероу, познатиот лик од „Пиратите од Карибите“  и тоа поради благородна причина. Имено, актерот со години ги посетува детските болници во својот познат пиратски костим, а сега ги изненади малите пациенти во Мадрид.

Деновиве, познатиот американски актер престојува во Шпанија, каде што го снима филмот „Day Drinker“ со Пенелопе Круз. Дејството на новиот филм се одвива на јахта. Иако не станува збор за познатиот брод „Црн бисер“ од „Пиратите од Карибите“, тоа не го спречи повторно да го облече костимот на легендарниот пиратски капетан за време на паузата помеѓу снимањето и да ги развесели децата кои се лекуваат во болницата „Нињо Хесус“ во Мадрид.

Фото: Comunidad De Madrid / Zuma Press / Profimedia

Децата беа многу среќни кога го видоа актерот, а насмевките ги осветлуваа лицата и на нивните родители и медицинскиот персонал. Тој помина часови разговарајќи со болните дечиња, давајќи им пиратско богатство, фотографирајќи се и исполнувајќи им ја секоја нивна желба.

Фото: Comunidad De Madrid / Zuma Press / Profimedia

Ова не беше првпат актерот да направи ваков гест. Џони Деп често ги посетува детските болници во костимот на еден од најпопуларните (и најсмешните) филмски ликови, а сè започна пред десет години, кога неговата ќерка Лили Роуз беше во критична состојба поради бактериска инфекција. Во знак на благодарност, тој тогаш донираше милион долари на клиниката каде што таа се лекуваше.

По подолга пауза, Џони Деп повторно пред камерите – Обожавателите не очекуваа ваква трансформација на актерот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот