Фотографија од 2015 година шири паника за наводни киднапери на деца во Скопје

Лажна објава за наводни киднапери предизвика паника кај граѓаните, а според проверките на Вистиномер се работи за стара фотографија која првпат се појавила во 2015 година во Романија и станува збор за џебни крадци.

Фотографијата со киднаперите стана вирална и има над пет илјади споделувања и околу 300 коментари.

Фото: Принтскрин

Дел од коментарите беа дека киднапери биле вчера забележани во прилепско и оти секој ден имаат нова локација, а други велат дека го вратат целиот регион, но никој не реагира. Една жена раскажува дека ќерка ѝ ги видела кога излегла од училиште да купи за јадење и дека едниот од нив ѝ извадил нож.

Фотографијата првпат се појавила во Романија во 2015 година, а станува збор за џебни крадци во Темишвар, Романија.

Министерството за внатрешни работи ги демантира информациите пласирани преку социјалните мрежи за киднапирања.

– Нема ниту едно одземено дете, ниту било какви киднапери. Апелираме да не се шират дезинформации по социјалните мрежи кои имаат за цел да ги вознемират граѓаните. Полицијата е присутна насекаде и ја гарантира безбедноста на граѓаните, се наведува во соопштението од МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот