Протест за проблемот со јавниот превоз во Скопје / Фото: Слободен печат, Слободан Ѓуриќ

ФОТОГАЛЕРИЈА: Скопјани протестираат поради проблемите со јавниот превоз

Градоначалникот на Општина Шуто Оризари, Курто Дудуш, денеска организира протест пред просториите на Град Скопје, поради состојбата со јавниот превоз, поради која околу 25.000 луѓе од оваа општина останаа без какви било јавни сообраќајни врски со градот.

На протестот се придружија и студентите и средношколците, кои исто така се засегнати од проблемот со јавниот превоз.

Протест за проблемот со јавниот превоз во Скопје / Фото: Слободен печат, Слободан Ѓуриќ

„Очекуваме преку протестот да пренесеме пораката до Градоначалничката на градот Скопје и до ЈСП дека граѓаните на општина Шуто Оризари и воопшто граѓаните на градот Скопје треба да добиваат услуги за кои плаќаат и дека нефункционирањето на јавниот превоз веќе втора година не само што влијае на влошување на економската состојба на граѓаните кои треба да користат приватен превоз туку влијае и на губење на нивните работни места поради нередовост на работа, отсуство од часови на ученици и непосета на лекари од страна на постарите и болните лица“, вели Дудуш во повикот за протестот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот