фото: Слободен печат/Методи Здравев

ФОТОГАЛЕРИЈА | Вардарци со „Комити“ ја слават победата над Еурофарм Пелистер

Ракометарите на Вардар 1961 го совладаа Еурофарм Пелистер со 31-28 во првото „вечно дерби“ од новата сезона на Суперлигата.

Натпреварот понуди возбудлива борба и драма, а дополнително беше обележан и со прекин во 23. минута поради инцидент меѓу навивачите, кога дел од „Чкембари“ влегоа во салата и запалија факел кој беше фрлен кон „Комити“.

Се презедоа сите мерки за мечот да продолжи, а на крајот домаќините стигнаа до победата која ја славеа заедно со верните навивачи „Комити“ во Спортскиот Центар “Јане Сандански“ во Скопје.

Ова е само прв чин сезонава од големото ривалство кое секогаш нуди возбудувања, тензија и до крајот на сезоната очекуваме неизвесна борба за шампионската титула во првенството.

фото: Слободен печат/Методи Здравев
фото: Слободен печат/Методи Здравев
фото: Слободен печат/Методи Здравев
фото: Слободен печат/Методи Здравев
фото: Слободен печат/Методи Здравев
фото: Слободен печат/Методи Здравев
фото: Слободен печат/Методи Здравев
фото: Слободен печат/Методи Здравев
фото: Слободен печат/Методи Здравев
фото: Слободен печат/Методи Здравев
фото: Слободен печат/Методи Здравев
фото: Слободен печат/Методи Здравев
фото: Слободен печат/Методи Здравев
фото: Слободен печат/Методи Здравев

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот