Фото: Слободен печат/Слободан Ѓуриќ

ФОТОГАЛЕРИЈА | На плоштад „Македонија“ се одбележа Денот на ретки болести

Во организација на Националната Алијанса за ретки болести (НАРБМ), денеска на плоштадот „Македонија“ во Скопје е одбележан Денот на ретки болести.

Фото: Слободен печат/Слободан Ѓуриќ
Фото: Слободен печат/Слободан Ѓуриќ

Овој настан се организира со цел да се подигне јавната свест за предизвиците со кои се соочуваат лицата со ретки болести и нивните семејства, како и да се поттикне институционален дијалог за унапредување на политиките за нивна подобра интеграција во општеството.

Фото: Слободен печат/Слободан Ѓуриќ
Фото: Слободен печат/Слободан Ѓуриќ

Дополнително, НАРБМ се приклучува кон регионалната иницијатива за одбележување на Денот на ретки болести преку кампањата „Гушни за ретки“. Оваа иницијатива има за цел да ја зголеми видливоста на лицата со ретки болести преку споделување на фотографии или кратки видеа со симболична прегратка и користење на хаштагот #гушнизаретки и #hugforrare.

Фото: Слободен печат/Слободан Ѓуриќ

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот