
ФОТОГАЛЕРИЈА: Муралите и графитите го обојуваат сивилото на Скопје
Голем број фасади, пред сѐ на старите згради низ Скопје се разубавени со графити и мурали со кои се разбива сивилото и монотонијата на градот.
Препорачано
Оваа урбана уметност е најкарактеристична за централното градско подрачје, каде погледите на минувачите неминовно застануваат на исцртаните фасади од артисти, кои на овој начин пренесуваат значајни пораки или го овековечуваат споменот на некоја значајна личност или настан.
Општина Центар е таа која постојано ги поттикнува ваквите креативни активности, па во мај годинава и преку јавен поглас ги повика ликовните уметници, студентите и професионални сликари да се пријават за цртање мурали и графити на јавен простор на територија на оваа општина со цел да се збогати визуелниот излед на објектите. Од неодамна Дебар Маало го краси нов мурал посветен на култната емисија „Бушава азбука“.
Во продолжение погледнете дел од муралите и графитите на објектите низ Центар.










