
ФОТОГАЛЕРИЈА: Дождот ги израсна тревите, косачите да се фатат за работа!
Скопјани се жалат на неискосени треви по зелените површини низ цело Скопје. За наглото растење на тревите во изминативе две недели погодуваше и врнежливото време, па општините велат дека не можат да постигнат секаде навреме да искосат. Притоа, од ЈП „Паркови и зеленило“ кое е задолжено за одржување на зеленилото покрај булеварите и улиците во надлежност на Град Скопје, тврдат дека се на терен и дека постојано косат низ цел град.
Препорачано
Машинско косење на зеленилото, собирање откос и товарење се активности на теренските екипи низ целото градско подрачје – велат од јавното претпријатие.
И покрај тоа што се коси по булеварите, на екипите им претстои уште многу работа. Доколку се навлезе пак, помеѓу зградите низ населбите може да се види дека општинските косачи уште ништо не сработиле.
Од фотографиите на фоторепортерите на „Слободен печат“ погледнете како изгледаше низ Скопје денеска.








