Жерар Пике и Клара Чиа
Фото: Instagram/ Profimedia

ФОТО | Жерар Пике и Клара Чиа заедно на свадбата на неговиот помал брат

Помладиот брат на Жерар Пике, Марк и неговата партнерка, Марија Валс, официјално се венчаа за време на интимна церемонија во Шпанија. На овој посебен ден присуствувале нивните најблиски, вклучувајќи ги родителите Монсерат Бернабеу и Џоан Пике Ровира, како и поранешниот Жерар Пике и неговата девојка Клара Чиа Марти, пишува „Хола“ („Hola“).

Пике и Клара Чиа беа уловени како ја напуштаат црквата во добро расположение. Присуството на Клара на овој свечен настан било оправдано, бидејќи освен што таа е партнерка на поранешниот фудбалер, има блиско пријателство со Марија Валс.

Фото: Jordi Martin / BACKGRID / Backgrid USA / Profimedia

Се вели дека Клара и Марија припаѓаат на истиот елитен круг во Барселона, споделуваат слични интереси и имаат заеднички познаници.


За оваа пригода, Клара Чиа се одлучила за едноставен, но елегантен златен фустан, кој го искомбнирала со проѕирни сандали. Додека пак, поранешниот сопруг на Шакира носел тегет костум со бела кошула и вратоврска во посветла сина нијанса.

Инаку, изминативе неколку денови во јавноста се прошири веста дека заљубениот пар набрзо планира да се венча.

Шпанските медиуми тврдат: Жерар Пике ќе се венча со љубовницата Клара Чиа Марти

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот