Бен Стилер на отворањето на годинашното издание на Филмскиот фестивал во Торонто / Фото: Cindy Ord / Getty images / Profimedia

ФОТО | Започна Филмскиот фестивал во Торонто: Најголемите холивудски ѕвезди пристигнаа на најважниот филмски настан во Северна Америка

Вчера започна 49. издание на Филмскиот фестивал во Торонто, еден од најважните филмски настани во Северна Америка. Најголемите холивудски ѕвезди вчера пристигнаа на фестивалот, каде што ќе бидат претставени бројни долгоочекувани филмови и актуелни документарци.

Годинава фестивалот се враќа во сиот свој сјај, откако минатата година беше во сенка на штрајковите на актерите и сценаристите.

Овој пат во најголемиот канадски град ќе ги видиме Кети Пери, Орландо Блум, Џенифер Лопез, Анџелина Џоли, Елтон Џон, Брус Спрингстин, Салма Хајек, Кејт Бланшет и Никол Кидман.

„Среќни сме што имаме фестивал без минатогодишните ограничувања“, изјави извршниот директор на фестивалот Камерон Бејли за „Франс прес“.

Кети Пери и Орландо Блум / Фото: AA/ABACA / Abaca Press / Profimedia

Настанот е „познат по ентузијазмот на својата публика и таа возбуда го достигнува својот врв кога најголемите светски ѕвезди се тука“, додаде тој.

Бен Стилер го отвори фестивалот со „Оревокршачите“ („Nutcrackers“), неговиот прв филм по седум години. Станува збор за приказна за градител од Чикаго кој мора да оди во Охајо за да се грижи за своите внуци кога нивните родители ќе умрат.

Деми Мур / Фото: PICJER / Zuma Press / Profimedia

Филмот „Рајот“ („Eden“) на режисерот Рон Хауард, со Ана де Армас и Сидни Свини во главните улоги, е исто така една од нетрпеливо очекуваните светски премиери.

Откако ја освои Венеција со улогата на оперската легенда Марија Калас, Анџелина Џоли во Торонто ќе го претстави својот нов филм „Без крв“ („Without Blood“), приказна за семејството и одмаздата на почетокот на 20. век, со Салма Хајек во главната улога.

На фестивалот ќе бидат прикажани 278 филмови, меѓу кои и премиерата на новиот филм на британскиот режисер Мајк Ли, „Тешки вистини“ („Hard Truths“).

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот