
ФОТО: Во вода до колена, министерот од Тувалу алармираше за климатските промени од кои на удар е неговата земја
На климатската конференција на Обединетите нации во Глазгов, министерот за надворешни работи на Тувалу одржа говор стоејќи до колена во морска вода за да покаже „дека неговата држава е на првата линија на климатските промени”, објави Си-ен-ен.
Препорачано
Сликите од Сајмон Кофе како во костум и вратоврска, со свиткани ногавици, стои зад говорницата поставена во море се раширија на социјалните мрежи.
„Изјавата ги споредува поставките на КОП26 со реалните животни ситуации со кои се соочува Тувалу поради влијанието на климатските промени и зголемувањето на нивото на морето и ги истакнува храбрите активности што Тувалу ги презема за да одговори на многу итните прашања за човечката мобилност во услови на климатските промени“, рече Кофе во својата видео порака.
Tuvalu's foreign minister has given a speech, via video link, to the UN climate conference, #COP26, standing knee-deep in seawater. #SimonKofe was drawing attention to Tuvalu's struggle against rising sea levels. pic.twitter.com/zjHkpk2xHi
— DW Global Ideas & Environment (@dw_environment) November 8, 2021
Оваа изјава ќе биде претставена на Самитот за климата во вторник и доаѓа во време кога регионалните лидери се залагаат за поагресивна акција за да се ограничи влијанието на климатските промени.
Многу големи загадувачи ветија дека ќе ги интензивираат напорите за намалување на емисиите на јаглерод диоксид во текот на следните децении, при што некои имаат за цел нулта емисии до 2050 година.
Но, лидерите на пацифичките острови повикаа на итна акција, истакнувајќи дека опстанокот на нивните земји е во прашање.