
ФОТО | Во италијанска таверна откриен рецепт стар 400 години: Гостите уживаат во раскошните вкусови
Во Бергамо, Италија, во таверна која ги ревитализира заборавените јадења, откриен е рецепт на непознат автор од крајот на 17. и почетокот на 18 век наречен „Il Cocho bergamasco alla Casalenga“, кој е стар околу 400 години со упатства за подготовка на печена патка.
Препорачано
Сопствениците на таверната го враќаат заборавеното јадење – „анедрото“ (anedrotto) на трпезата, користејќи намирници, зачини, вкусови и одамна исчезнат начин на подготовка, па се трудат да го оживеат гастрономскиот деликатес што времето го променило или го избришало од сеќавањата.
Според рецептот, за кој експертите велат дека го враќа на трпезата „раскошот на свечена вечера на благородништвото од тоа време“, патката се печела со зачини како рузмарин, каранфилче и малку бибер, а филот бил приготвен од изнутрици пржени на масло со кромид, морков, целер, бел кромид, магдонос, леб натопен во млеко и јајце, а во новата верзија главниот готвач додава и житарки.
Според оригиналниот рецепт, патката потоа била печена во супа (бујон) направена од варени коски и бело вино и се служела со седум прилози, меѓу кои, зелка, карфиол, зачински билки, два вида палента, моркови и пире од компири.
„Со малку модернизиран „бапски рецепт“, сакавме да го оживееме тоа гастрономско истражување, бидејќи веруваме дека е важно на луѓето да им понудиме дел од историјата што се одвивала на трпезите во домовите, гостилниците, таверните или во палатите. Сакаме да им ја понудиме исчезнатата традиција“, вели Елиса Тајоки, сопственичка на новоотворениот ресторан „Тајокино“ (Taiocchino), кој го води заедно со својот сопруг.