
ФОТО | Во Бугарија понуда на „бескорисни“ евра
Бугарија ќе понуди промотивни почетни пакети со евро монети пред официјалниот премин на еврото во 2026 година. Почнувајќи од 1 декември, комерцијалните банки и поштите низ цела Бугарија ќе нудат промотивни почетни комплети со новите евро монети, кои ќе имаат национални симболи и натписи од едната страна. Иницијативата има за цел да ги запознае граѓаните со новата валута пред нејзиното официјално воведување како законско средство за плаќање во Бугарија, кое е закажано за јануари 2026, пишува порталот Новините.
Препорачано
Дистрибуцијата на евро банкноти и монети до банките и поштите ќе започне во ноември, додека менувањето на левови за евра ќе биде бесплатно во тие институции во текот на шестмесечниот преоден период по промената на валутата.
Ковањето бугарски евро монети е предвидено да започне во август, додека печатењето на евро банкноти со бугарски карактеристики ќе започне во 2027 година, а првиот контингент ќе го обезбеди Европската централна банка.
On 1 January 2026, Bulgaria will abandon its currency, Lev, for the euro
In November 2023, the Bulgarian National Bank released the Bulgarian obverse for euro coins, largely based on the current Lev coins’ design pic.twitter.com/BXAOw9MVeQ
— guntiiiii (@guntiiiii) June 4, 2025
Секој почетен пакет за граѓаните ќе чини 20 лева и ќе содржи монети во вредност од 10,23 евра, според фиксниот девизен курс. Сепак, овие монети нема да можат да се користат за плаќање до 1 јануари 2026 година, ниту пак ќе бидат прифатени во другите земји од еврозоната пред тој датум. Бугарската народна банка планира да пушти во оптек еден милион од овие комплети, евентуално со ограничување на бројот на пакети по лице.
Компаниите и правните лица ќе можат да купат поголеми пакети во вредност од 200 лева, кои содржат монети во вкупен износ од 102,26 евра. Овие комплети ќе бидат достапни исклучиво преку банки. Пакетите не се наменети за употреба во секојдневното плаќање, туку како средство граѓаните и економијата постепено да се префрлат на новата валута.
Слични практики беа забележани и во други земји што влегоа во Еврозоната. Како што потсетува порталот „Новините“, во Хрватска, првичните евро комплети беа достапни еден месец пред официјалното пристапување на 1 јануари 2023 година и брзо беа распродадени, честопати како сувенири или симболични подароци.