Фото: BACKGRID / Backgrid USA / Profimedia

ФОТО | Вистински шармер: Ричард Гир си размени бакнежи со 33 години помладата сопруга на Канскиот филмски фестивал

Американскиот актер Ричард Гир (74) се појави на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал со сопругата Алехандра Силва (41). Двојката позираше и неколку пати си размени бакнежи пред објективите на фотографите.

Гир присуствуваше на премиерата на својот нов филм „Ох, Канада“ („Oh, Canada“), во кој глуми со Ума Турман, Џејкоб Елорди, Мајкл Империоли и Викторија Хил.

Фото: BACKGRID / Backgrid USA / Profimedia

Да потсетиме, Силва му е трета сопруга на Гир, со која тој го кажа судбоносното „да“ на тајна церемонија пред шест години.

Заедно имаат две деца. Тие во 2019 година го добија синот Александар, а една година подоцна добија и син чие име не го открија во јавноста.

Инаку, тие се запознаа во 2014 година кога актерот престојувал во хотел во сопственост на семејството на Алехандра.

Фото: Shootpix/ABACA / Abaca Press / Profimedia

Двојката неодамна го замени Холивуд за Шпанија и се пресели во Мадрид. Тие живеат во луксузна вила, а соседи им се фудбалерите Серхио Рамос и Лука Модриќ и актерката Ана Обрегон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот