Фото: Принтскрин/Инстаграм

ФОТО | „Утре е голем ден“: Обожавателите убедени дека Стјепан Хаусер ја најави својата венчавка со Украинката

Хрватскиот виолончелист Стјепан Хаусер објави фотографии на социјалните мрежи на кои позира во бел костум, додека покрај него стои атрактивната Марија од Украина, која носи бел фустан и шешир.

„Утре е голем ден“, напишал хрватскиот заводник и изненади многумина.

И додека некои веднаш помислија дека станува збор за премиера на нов видеоспот или промотивна кампања, други се убедени дека познатиот музичар решил да се ожени, па сега ја најави својата венчавка.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by HAUSER (@hausercello)


Сепак, на неговиот јутјуб-канал е јасно дека ова е премиера на новиот видеоспот „Lujon“, кој ќе биде објавен денеска.

Инаку, веќе извесно време се шпекулира дека двајцата се пар, а Хаусер проговори за Марија во интервју за хрватски „Стори“.

„Марија е прекрасна личност, а јавноста имаше можност да ја запознае преку моите објави на Инстаграм. Ја разбирам љубопитноста на медиумите и луѓето, но сакам да го чувам мојот приватен живот за себе“, рекол тој.

Исто така, бил прашан дали би сакал да се смири и да се ожени.

„Во моментов, кариерата ми е на прво место. Многу сум амбициозен, имам многу планови и проекти. Мојата светска турнеја и ‘Музиката го обединува светот’ сега се мојот фокус. Никогаш не вели никогаш, но засега не го најдов вистинскиот“, рекол музичарот.

ВИДЕО | Македонците воодушевени: Стјепан Хаусер со маестрална изведба на „Јовано, Јованке“

ФОТО | Среде борбата со тешката болест: Селин Дион се појави на годинашните награди Греми

ВИДЕО | Македонците воодушевени: Стјепан Хаусер со маестрална изведба на „Јовано, Јованке“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот