фото: „X„

ФОТО: Уапсен мажот кој држеше четири лица како заложници во кафуле на „Старбакс“ во Германија

Непознат маж вечерва држел четворица заложници откако упаднал во кафуле на Старбакс во градот Улм, Германија. Според последните информации, на местото на настанот биле испукани четири истрели, но не е прецизирано кој пукал.

Според тамошните медиуми, инцидентот се случил околу 19 часот и 10 минути, додека засега не е јасно кои се заложниците и какво оружје имал со себе мажот што ги држел заложниците.

Полициски сили во поголем број биле распоредени во центарот на градот околу кафулето. Полициските сили биле засилени со помош на специјални единици кои го опколиле речиси целиот град.  Во центарот веќе има насобрано голем број на луѓе, пренесува германски „Билд“.

 

Медиумите исто така преенсуваат дека возилото на Брзата помош во кое се наоѓало лицето што ги држело заложниците се упатила кон најблиската болница.

„Во моментов веќе нема никаква опасност за населението. Напаѓачот е уапсен, заложниците не се повредени – објави портпаролот за „Билд“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот