Дино, терапевтско куче / Фото: Меѓународен Аеродром Скопје

ФОТО | Терапевтското куче Дино ќе ги смирува патниците на Скопскиот аеродром

Патувањето може да биде стресно и токму затоа се потрудивме да го направиме вашето патување порелаксирано. Дино ќе биде присутен на излезите и со него ќе имате можност да се забавувате и опуштите пред вашиот лет – велат од Меѓународниот Аеродром Скопје

Скопскиот аеродром објави дека има нов гостин – терапевтско куче, кое ќе ги смирува патниците пред да се качат на авион. Станува збор за Дино, куче од расата златен ретривер.

Дино, терапевтско куче / Фото: Меѓународен Аеродром Скопје

Дино е златен ретривер кој го одбравме да биде наше #SkopjeAirportZenDog, и кое почнувајќи од денеска, 22. ноември, ќе биде гостин на Меѓународниот Аеродром Скопје секој месец. Додека чекате да се качите на својот лет, можете да го погалите и да си поиграте со него. Патувањето може да биде стресно и токму затоа се потрудивме да го направиме вашето патување порелаксирано. Дино ќе биде присутен на излезите и со него ќе имате можност да се забавувате и опуштите пред вашиот лет – велат од Меѓународниот Аеродром Скопје.

Оваа иницијатива на ТАВ Македонија е со цел создавање пријатна атмосфера на аеродромот и подобрување на искуството на патниците.

Дино, терапевтско куче / Фото: Меѓународен Аеродром Скопје
Дино, терапевтско куче / Фото: Меѓународен Аеродром Скопје
Дино, терапевтско куче / Фото: Меѓународен Аеродром Скопје

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот