Фото: Принстксрин - Фејсбук

ФОТО | „Те сакам неизмерно“: Мијата и нејзиниот сопруг слават 15 години брак на Исланд

Поп-пејачката и кантавтор Наташа Мијат Крстевска, позната како Мијата, зад себе има плодно музичко портфолио. Мијата има три „љубови“ – ја обожава својата професија контролор на летање на скопскиот аеродром (која ја работи повеќе од 20 години) и втората љубов – музиката. Мијата ја краси посебен глас, младешки и ведар дух, прекрасна насмевка. Третата нејзинана љубов трае е сопругот Златко, кој е спортски новинар.

Мијата и Златко денес славаат 15 години брак, а прославата по повод оваа годишнина е на Исланд.

„Местото каде што се бакнуваат Северна Америка и Европа нека биде денеска во знакот на нашите 15 години љубов, 15 години волшепства, 15 години семејство. Те сакам неизмерно Г-дине Крстевски“ – напиша пејачката споделувајќи заедничка фотографија со сопругот.

Круна на нивната љубов се синот Калин и ќерката Никита.

Среќна годишнина!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот