
ФОТО | Славниот „Џокер“ беше фотографиран за прв пат со неговиот син Ривер: Натписот на дуксерот кој актерот го носи испраќа силна порака!
Холивудскиот актер Хоакин Феникс (45) и неговата партнерка Руни Мара (35) станаа родители во септември 2020 година, а овој пат за прв пат се фотографирани од страна на папараците со нивното бебе.
Препорачано
Имено, актерката се породи пред 5 месеци, а ова е прв пат семејството да биде фотографирано од папараците во „полн состав“.

Хоакин и Руни одлучија својот син да го носи името по братот на Хоакин, Ривер, кој почина во 1993 година. Неговата желба била неговиот син да го носи истото име на неговиот прерано починат брат кој го обожавал.
Славната двојка сега е фотографирана во Лос Фелизе, каде дошле да ја посетат сестрата на актерката, а во оваа прилика како што може да се забележи од фотографиите и двајцата носат црна облека.
Хоакин носи црн дуксер на кој пишува „спаси ги животните од Лос Анџелес“, црна тренерка и патики, додека на главата има црна капа, а во рацете го носи неговиот син кој е удобно сместен во носилка.
Актерката Руни исто така носи црн дуксер, со сиви ракави, во рацете го држи нивното куче, а и двајцата носат заштитни маски.

Хоакин во еден момент ја спушти носилката со бебето на подот за да ја отвори вратата од автомобилот, а фановите не престануваат да пишуваат коментари на социјалните мрежи за ова среќно семејство.
„Најубавото семејство“, „Ова ми го разубави денот“, „Најмногу се радував кога слушнав дека се роди малечкиот Ривер“, „Колку среќно семејството“, беа само дел коментарите на обожавателите.
Да потсетиме, веста за приновата на актерската двојка излезе во јавноста кога режисерот Виктор Косаковски (59) ја откри оваа информација на филмскиот фестивал во Цирих. По проекцијата на филмот „Гунда“, чиј Хоакин е извршен продуцент, Виктор рече:
– Само што добија бебе. Прекрасен син по име Ривер, рече режисерот.