Фото: Инстаграм/„Варајети“

ФОТО | Славниот британски актер бил киднапиран во Африка: „Ја прифатив судбината дека ми дојде крајот…“

Во разговор за „Варајети“, британскиот актер Бенедикт Камбербач ја раскажа приказната за страшното искуство кое му го променило животот пред 20 години.

Во 2004 година, кога имал 20 години, актерот ја снимал серијата „До краевите на Земјата“ („To the Ends of the Earth“) во Африка и доживеал ситуација која никогаш нема да ја заборави.

Фото: Инстаграм/„Варајети“

Додека патувал со своите пријатели, нивниот автомобил останал заглавен поради тоа што едната од гумите се дупнала и во тој момент шест мажи ги киднапирале и ги ограбиле.

Киднаперите насилно ги внеле во автомобил и со часови возеле пред да ги пуштат, наредувајќи им да седнат во позиција за погубување, а потоа избегале. Иако актерот и неговите пријатели не биле физички повредени, тоа искуство оставило голема трага врз неговиот живот.

Фото: Инстаграм/„Варајети“

„Тоа ми даде чувство за време, но не нужно добро. Ме направи нетрпелив да живеам помалку обичен живот, а јас сè уште се справувам со таа нетрпеливост“, рече Камбербач.

„Ситуациите блиску до смртта дополнително го поттикнаа сето тоа. Тоа ме натера да кажам: ‘О, да. Јас би можел да умрам во секој момент’. Скокав од авиони, преземав секакви ризици, но тогаш, освен моите родители, немав членови на семејството кои беа зависни од мене. Тоа сега е сменето и ме освести“, изјави актерот, кој со сопругата Софи Хантер стана татко на три деца – Кристофер (9), Хал (7) и Фин (6).

Во домот на познатиот актер упаднал готвач, мавтајќи со нож им се заканувал

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот