фото: Принтскрин

ФОТО: Скопје од врв на Водно е потонато во магла и смог

Камерата на ЈСП Скопје вечерва покажува во каква магла и смог е потонат главниот град.

Освен од бадниковите огнови, загадувањето вечерва се зголемува и од раздвиженоста на возила низ градот, од греењето на домовите со нееколошки горива – влажни дрва, паркет, гуми, пластика, текстил, се што може да згрее еден дом, а да не чини пари, тука вреди да се наброи и пиротехниката чувана токму за вечерва.

Секако има и други фактори, кои денеска директорот на Инспекторатот за животна средина ги наброи. И рече дека постапуваат по извештаите на Министерството за животна средина кое своите податоци за аерозагадувањето ги црпи официјално од свои мерни станици.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот