
ФОТО | Синот на Зоран Џорлев ја објави нивната последна заедничка фотографија: Сѐ што ќе продолжам да правам е ЗА ТАТКО МИ
Семејството Џорлеви е обвиено во тага по смртта на Зоран Џорлев. Денес неговиот син Наско Џорлев на социјалните мрежи ја објави нивната последната семејна фотографија направена во домот на маестро Џорлев.
Препорачано
-
1
-
2
-
3

„Вчерашниот ден, беше најтажниот ден што се има случено на мене и на моето семејство. На вчерашниот ден сфатив дека животот е толку суров и до крај ќе остане исполнет со тага, на местото каде што ми се откина дел од душата.
Моето семејство и светов изгуби еден од најдобрите луѓе кои постоеле и ќе постојат.
Полн со живот, позитива и безрезервна љубов за сите во неговиот живот. Имаше многу планови за што понатаму, никогаш не се откажуваше, неговиот оган гореше силно до крај.
Во плановите не имаше вклучено мене и брат ми секогаш, таман дури почнавме и да свириме заедно поредовно. За секој имаше време да посвети внимание, секогаш сакаше да помогне, без разлика колку и да беше близок, сѐ додека му треба помош. За секој имаше љубов и разбирање и сѐ правеше од срце и на чесен начин на кој повеќето луѓе не можат ни да замислат. Другар, искрен и добар, народен човек, мојот херој.
Мојот татко, мојот прв пријател, моето сѐ! Сѐ што имам е од татко ми, сѐ што сакам и правам денес е поради татко ми, сѐ ми имаш пружено. Сѐ што ќе продолжам да правам е ЗА ТАТКО МИ. Фала ти тато за сѐ, тато е најдобар тато, душичке наша!
За него, славете го неговото име и паметете го засекогаш, а плачете го вчерашниот ден!
Оваа слика е последната наша заедничка, кога ја редевме елката. Му ја испративме заедно со еден Дедо Мраз како поклонче за нова година. Последниот здив го има испуштено држејќи ја.
Зоран Џорлев – сопруг, татко, брат, другариште, човечиште, маестро…
Те сакаме, немаш појма колку ќе ни фалиш, засекогаш и повеќе! Твоите Наско, Мартин и Офелија“, напиша Наско Џорлев.