Ведран/Тамара Чуприна/Инстаграм
Ведран/Тамара Чуприна/Инстаграм

ФОТО | Сини балони и торта со ангелче за добредојде: Тамара Чуприна и Ведран си дојдоа дома

Македонскиот фудбалски репрезентативец Дарко Велковски и неговата сакана Тамара Чуприна станаа родители пред неколку дена, а малечкиот го доби името Ведран.

ФОТО | Тамара Чуприна блеска: Модерна трудница за пример

Среќните вести и убавите моменти од пристигнувањето на новиот член на семејството,  тие ги споделија преку низа фотографии на „Инстаграм“ споделувајќи ја својата радост со блиските и следбениците.

Последно, Тамара објави на својот профил неколку преслатки фотографии од новата наместена соба за бебето Ведран, со натпис:

„Добредојде дома Ведран“

На фотографиите малечкиот Ведран си спие во релаксатор, а околу него има куп бели и сини балони, многу бебешки реквизити и торта во сино бели нијанси со златно ангелче.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tamara Velkovska (@chuprinaatamara)

Возбудените пријатели и најблиските на парот весело им го честитаа доаѓањето на првото дете и му посакаа и тие добредојде на малиот Ведран во својот дом.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот