
ФОТО | Шведскиот дипломат ослободен од ирански затвор се омажи со партнерот, Фон дер Лајен прва му честиташе
Речиси една година откако заврши кошмарот од неговото двегодишно затворање во Иран, Јохан Флодерус, шведски дипломат и функционер на ЕУ, се омажи со својот партнер, а претседателката на Европската комисија му посака сè најдобро во објава на социјалните мрежи.
Препорачано
„Драг Јохан Флондерус, од дното на моето срце, честитки за твојата венчавка! Твојата приказна допре толку многу луѓе низ цела Европа. Твојата сила и храброст инспирираа многу повеќе отколку што можеш да замислиш. И денес, не славиме само прекрасен сојуз – ние те славиме тебе. Нека ова биде почеток на едно среќно поглавје во твојот живот. Ти го заслужуваш тоа“, напиша Урсула фон дер Лајен во својата порака.
View this post on Instagram
Флондерус беше ослободен од иранските власти кон средината на јуни 2024 година, како дел од договорот меѓу Стокхолм и Техеран. Службеникот на Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС) беше уапсен во април 2022 година за време на приватно патување во Иран во посета на пријатели.
Случајот остана таен повеќе од една година, сè додека конечно не протече во септември 2023 година, предизвикувајќи меѓународен протест.
Како што стана познато, Швеѓанецот бил обвинет од иранските власти за шпионажа во корист на Израел, како и за корупција.
Никогаш не биле презентирани докази против 34-годишниот маж за овие обвиненија, кои во оваа блискоисточна земја носат смртна казна.