Фото: Инстаграм/Ѓорѓи Ѓорѓиев/Скриншот/Инстаграм

ФОТО | Шест месеци по трагедијата во „Пулс“: Братот на Ѓорѓи Ѓорѓиев си истетовира негов лик

Трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, на 16 март 2025 година, одзеде повеќе животи и остави длабока рана кај семејствата и пријателите. Еден од жртвите беше и Ѓорѓи Ѓорѓиев, музичар и тапанар во групата ДНК, кој ја изгуби битката со огнените пламенови токму за време на настап.

Шест месеци подоцна, неговиот брат Димитар, кој има само 21 година, сѐ уште не може да ја прифати болката по загубата. Во обид да ја сочува трајната врска со него, тој одлучи да го овековечи ликот на Ѓорѓи на својата рака – преку тетоважа.

Освен портретот на својот брат, Димитар истетовирал и дел од наследството на Ѓорѓи: на неговата кожа сега стои и името на песната на ДНК – „Животе брате“, зборови што добиваат уште посилно значење по трагичниот настан. Зад ликот на Ѓорѓи, пак, е испишано и името на групата DNK, како траен потсетник на музиката и дружбата што го обележаа неговиот живот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот