Фото: Maria Laura Antonelli / Shutterstock Editorial / Profimedia

ФОТО | Шарлиз Терон си фати ново момче, згодниот Хрват Алекс Димитриевиќ

Се чини дека пролетта е во полн цут за Шарлиз Терон, која беше сликана со нејзиното ново момче на улиците на Лос Анџелес. Дејли мејл објави ексклузивни фотографии од новиот пар, а светските медиуми набрзо го открија идентитетот на момчето на Шарлиз.

Во последните денови Шарлиз не ја крие среќата. Покрај работата на светската промоција на претпоследниот филм од хит франшизата „Fast & Furious“, 47-годишната холивудска убавица е среќна и на приватен план.

Фото: Принтскрин/Дејли мејл

Папараците ја снимиле на романтична прошетка во Лос Анџелес, поточно во населбата Лос Фелиз, каде отишла на вечера со атрактивен маж. Станува збор за хрватскиот манекен Алекс Димитриевиќ, кого го држеше цврсто за рака и разговараше со него.

Фото: Принтскрин/Дејли мејл

Како што може да се види на фотографиите кои ги објави Дејли мејл , Шарлиз Терон била облечена лежерно, во тегет џемпер и широки панталони во комбинација со кафени сандали и црна чанта на Диор. До неа Димитриевиќ бил во жолта кошула со хавајски принт, во комбинација со фармерки.
Димитријевиќ, во минатото соработувал со модни брендови како „Malbon Golf“, „AG Green Label“, „The Elder Statesman“ и „Combo Boxing“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот