Фото: Принтскрин / Фејсбук

ФОТО | Семејство барало изгубена обетка во дворот: Случајно откриле вредно викиншко богатство старо 1.200 години

Норвешко семејство барало изгубена златна обетка во својот двор на островот Јомфруланд, кога откриле нешто многу повредно од накитот. Тие случајно пронашле вредни артефакти од времето на Викинзите стари 1.200 години, пишува „Аркеоњус“.

Одделот за културно наследство на Вестфолд пренесува дека семејството Асвик кое ја барало златната обетка со помош на детектор за метал, наишле на вредна тока за појас и уште еден предмет од времето на Викинзите.

Фото: Принтскрин / Инстаграм

„На Јомфруланд одамна има населби, но досега доказите беа дека бил населен во средниот век, а имало само претпоставки за населби во викиншкото време. Семејството Асвик неделава барало обетка во својот двор и штом го вклучиле детекторот за метал, нашле нешто, но не накитот што го изгубиле. Откритието е од времето на Викинзите. Многу добро сочувана тока за појас и уште еден предмет што одговара на периодот и стилот“, се вели во соопштението.

Археолозите велат дека се работи за гроб на жена кој случајно бил сочуван под големото дрво во градината на семејството Асвик. Според нив артефактите потекнуваат од околу 800 година од нашата ера.

Фото: Принтскрин / Инстаграм

Инаку, Јомфруланд е мал остров во близина на јужниот брег на Норвешка. Археолозите велат дека ова откритие е многу значајно за историјата на регионот. Претходно се претпоставуваше дека луѓето живееле на овој остров за време на Викиншката ера, но научниците досега не можеа да го потврдат тоа. Ова е првото откритие од ерата на Викинзите на островот.

Фото: Принтскрин / Инстаграм

Во септември оваа година, ентузијастот Ерленд Бор со помош на детектор за метал, откри вистинско археолошко богатство – 9 златни медаљони, 3 прстени и 10 златни мониста од 6 век. Тоа е едно од, како што рекоа археолозите, откритието на векот во Норвешка.

ФОТО | Отишол на прошетка и открил богатство старо 1500 години: Мислев дека се чоколадни монети

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот