
ФОТО | Сè уште се забавува на Медитеранот: Дикаприо ужива на луксузна јахта со италијанската убавица
Актерот Леонардо Дикаприо и оваа година го поминува одморот на јахта со својата италијанска девојка, моделот Виториa Черети. Двојката ужива во Сен Тропе на сонце, море и во друштво на блиски пријатели, меѓу кои и италијанскиот претприемач Томасо Бути, пишуваат странските медиуми.
Препорачано
Патем, Дикаприо претходно бил и во Дубровник, успеал да помине низ градот незабележано, но се шпекулира дека вечерал во ресторанот „Форти Фор“, во сопственост на познатиот НБА кошаркар Бојан Богдановиќ. Дикаприо го продолжил одморот со пријатели на Мљет, каде што бил виден како вози велосипед.
Vittoria Ceretti was spotted on board of a yacht in Saint-Tropez with her boyfriend, Leonardo DiCaprio, and some friends (July 17, 2025).
📸 More photos: https://t.co/KtoQLechAm pic.twitter.com/EXoE8JhAkV
— Vittoria Ceretti Files (@vittoriafiles) July 18, 2025
Како и минатата година, Черети и овој пат носела минијатурно бикини во кои ја покажала својата извајана и витка фигура. Се чини дека двојката одлично се забавува оваа година, обиколувајќи го Медитеранот на луксузна јахта.
Да потсетиме, минатото лето Дикаприо го покани својот најдобар пријател, актерот Тоби Магваер, на својата јахта со кого, заедно со неговата девојка и пријатели, уживаше во Италија и југот на Франција.
— OriGiNui (@vrin11) July 20, 2025
Дикаприо и Черети наводно се заедно од мај 2023 година, кога беа видени заедно на Канскиот филмски фестивал. Во август истата година, беа фатени како се бакнуваат во клуб на Ибица, и јавноста оттогаш постојано ги поврзува. Моделот даде редок увид во тоа како е да се биде во врска со еден од најпознатите актери во светот во неодамнешното интервју за „Вог“.
„Штом сте во врска со некој што е попопуларен од вас, станувате „девојка на“ или „момче на“, ако ситуацијата е обратна. А тоа може да биде многу иритирачко. Бидејќи одеднаш луѓето зборуваат за вас како за нечија девојка која била поранешна на некој друг. Не е убаво да се мисли дека не можете да го сакате оној што го сакате поради овие етикети што другите луѓе ви ги ставаат“, рекла таа.