Паднатиот руски дрон во Полска е од типот „Гербера“ - Дифенс 24

ФОТО: Се тврди дека рускиот дрон во Полска е од типот „Гербера“

Порталот Defence24 објави дека руски дрон е пронајден во градот Чешники, недалеку од Замошќе и на околу 40 километри од границата со Украина. Фотографија од леталото, испратена од локален жител, покажува оштетен беспилотен апарат, за кој неофицијално се тврди дека е од типот „Гербера“. Овој модел го користи руската армија за преоптоварување на украинската воздушна одбрана.

Инцидентот се случи во ноќ кога Русија изврши масовен напад врз Украина. Полската армија потврди дека повеќе од десет дронови влегле во нејзиниот воздушен простор, при што оние што претставувале директна закана биле соборени.

Случајот со дронот во Чешники дополнително ја зголемува загриженоста околу ризикот за безбедноста на источната граница на НАТО.

Според Defence24, бројот и начинот на движење на беспилотните летала укажуваат на можност за намерна руска провокација, со цел тестирање на одбранбените реакции на Полска и нејзините сојузници. Засега полските власти не излегоа со официјална квалификација на настанот, но инцидентот повторно ја отвора дилемата за тоа колку лесно конфликтот може да прерасне во поширока безбедносна закана за целата Алијанса.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот