Фото: Принтскрин/Инстаграм

ФОТО | Принцезата од Дубаи го остави сопругот преку Инстаграм: Драг мажу, бидејќи ти си зафатен со…

Принцезата од Дубаи, Махра Бинт Мохамед Бин Рашид Ал Мактум, јавно го напушти сопругот Ман Ал Мактум само два месеци откако го добија првото дете. Таа ја шокираше конзервативната заедница во Обединетите Арапски Емирати, откако преку објава на Инстаграм на својот сопруг му откри дека на нивниот брак му дојде крајот.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Принцезата Махра, инаку ќерка на владетелот на Дубаи, сподели објава на која пишува:

„Драг мажу, бидејќи си зафатен со друштвото на другите луѓе, на овој начин го прогласувам нашиот развод. Се разведувам од тебе, се разведувам од тебе и се разведувам од тебе. Чувај се. Твојата поранешна сопруга.“

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Иако кратка и јасна, пораката на принцезата е многу очигледно полна со болка и префрлување, а јасно е инспирирана од муслиманската традиција на тројно одрекување. Оваа практика подразбира трипати по ред мажот да ѝ рече на сопругата дека се разведува од неа, со што ја разведува двојката, барем во очите на исламот.

Исто така, парот повеќе не се следи на социјалните мрежи и ги отстрани сите заеднички фотографии од своите профили.

Двојката се венчаше во мај 2023 година, а во мај оваа година добија ќерка. Сè уште нема официјална потврда за разводот, а се појавија шпекулации дека профилот на принцезата е хакиран.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Шеиха Махра има 30 години и е ќерка на Мохамед бин Рашид Ал Мактум, владетел на Дубаи и премиер на ОАЕ. Дипломирала меѓународни односи на неименуван лондонски универзитет, а е голем поддржувач и заговорник на правата на жените, како што пренесува „Дејли мејл“. Објавата во која таа ја спроведува древната практика на тројно отфрлање, традиционално резервирана за мажи, можеби и најдобро го докажува тоа.

Нејзиниот сè уште легален сопруг – шеикот Ман – е познат претприемач, а поголемиот дел од своето време го поминува во Лондон и Велика Британија, каде што поседува скап имот и уште неколку други недвижности.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот