Фото: Инстаграм/Анѓелка Жугиќ

ФОТО | Празнична идила во домот на Анѓелка Жуѓиќ: Актерката сподели мал дел од топлата атмосфера

Украсувањето на ентериерот и китењето на божиќната елка за многумина е посебен ритуал за почеток на празничната сезона. Инспирација за украсување често наоѓаме кај познатите личности, кои со својата креативност внесуваат радост во своите домови.

Една од оние кои годинава воодушеви со својот празничен амбиент е актерката Анѓелка Стевиќ Жугиќ. Таа е позната по тоа што својот приватен живот го држи подалеку од очите на јавноста, но овој пат на својот инстаграм-профил ги израдува своите фанови со фотографија која дава увид во дел од нејзината семејна идила.

На сликата нејзиниот син од првиот брак Јакша нежно ја бакнува својата помлада сестра Чарна, а во позадина се издвојува прекрасната елка која ја зрачи домашната топлина и традиционалниот празничен дух.

Новогодишната елка е раскошно украсена со класични, сјајни лампиони, кои додаваат допир на елеганција, додека светилките ја зголемуваат разиграноста и веселоста на декорот.

Посебно внимание привлекуваат деталите поставени под елката – нордиски гноми со зашилени црвени капи, кои додаваат шмек на бајка, како и внимателно завиткани подароци кои симболизираат радост.

Фото: Инстаграм/Анѓелка Жугиќ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот