
ФОТО | Пожарникарите синоќа со полни раце работа, изгоре и „ренџ ровер“ кај Шампионче
Исто така, вчеравечер се опожарија и неколку возила во близина на Зеленото пазарче во Центар, каде што немаше повредени, но изгореа продавница и мал магацин, како и два автомобила паркирани во близина.
Во близина на Шампионче, веднаш до градинката Весели Цветови, вчеравечер изгоре уште едно возило – џип „ренџ ровер“ со словачки регистарски таблички, а во пожарот било зафатено уште едно возило, дел од дуќан и фасада од околната зграда.
Препорачано
„Во 03:47 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Дичо Петров“ во Скопје било опожарено патничко возило „ренџ ровер“ со словачки национални ознаки, сопственост на В.Д.(41) од Скопје, а било зафатено и патничко возило „голф“ со бугарски национални ознаки, како и дел од фасада од станбена зграда и дел од продажен објект“, информира МВР.

Од страна на Бригадата за противпожарна заштита пожарот бил изгаснат без повредени, во тек е увид на местото на настанот и се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од полицијата.
ФОТО/ВИДЕО: Голем пожар во центарот на Скопје – изгореа објекти на Зелено пазарче и два автомобила
Исто така, вчеравечер се опожарија и неколку возила во близина на Зеленото пазарче во Центар, каде што немаше повредени, но изгореа продавница и мал магацин, како и два автомобила паркирани во близина.