
ФOTO: Пожар ги вознемири жителите на месната заедница „Борис Кидрич“ во Тетово, гореше семејна куќа
Попладнево изби пожар во семејна куќа, лоцирана на улицата „Борис Кидрич“ во Тетово. Опожарен е подрумот на куќата, а пожарникарите спречија пламените јазици да се прошират на останатите катови. Додека траеше нивната интервенција, во тој дел на градот беше исклучена струјата. Во пожарот е причинета само материјална штета и за среќа нема повредени.
Препорачано
„Денеска во 12 часот и 40 минути во СВР Тетово пријавен е пожар во куќа на улица “Борис Кидрич” во Тетово, сопственост на А.К.(65),М.К.(32) и Љ.К.(60) од Тетово. Повредени лица нема, а опожарен е подрумскиот дел на објектот.Со интервенција на тетовската Територијална противпожарна единица пожарот целосно е локализиран.Увид ќе врши екипа од СВР Тетово“, соопшти портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифоски.
Сирените од противпожарната единица, но и чадот кој се чувствуваше и подалеку од пожарот ги вознемири тетовци, а голем број од луѓето излегоа на улицата каде гореше семејната куќа.

Проблемите при интервенциите на пожарникарите во густо населени населби и во денешниот случај излегоа на виделина.
И двете страни од тесната уличка беа полни со паркирани автомобили, па интервенираше полицијата и пајак-службата, која ги креваше возилата за да може да помине противпожарниот камион.

На тетовските пожарникари најчесто не им е лесно – гасат пожари во тесни улици и сокаци каде се паркираат коли. Противпожарните возила некогаш и воопшто немаат пристап, па пожарникарите мораат да одат пеш до објектот кој гори, носејќи ја опреамата на рамо.
