
ФОТО | Повторно несреќа на новиот пат Градско-Прилеп, во која има повредени
Нова тешка сообраќајна несреќа на новиот пат Градско-Прилеп се случи попладнево, а во која има повредени.
Препорачано
Една кола излетала од коловозот, истумбана е на кровот и паднала во каналот покрај патот. Поради несреќата, сообраќајот е во прекин, а полицијата врши увид.

Полицајците кои вршеа увид на местото на несреќата, потврдија за „Слободен печат“ дека има повредени, но нема жртви.

Оваа несреќа се случи во близина на местото на кое летово, веднаш по отворањето на новиот пат, за само еден месец загинаа пет луѓе.
Директорот на Јавното претпријатие Државни патишта (ЈПДП), Коце Трајановски, тогаш изјави дека пред 20 дена дал налог за ново сообраќајно решение со кое ќе се постават повеќе сообраќајни знаци на новоотворениот пат Градско-Прилеп. Тие треба да ги предупредуваат возачите да ја намалат брзината пред исклучувањето на новиот експресен пат.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
6мин
-
50мин
-
1час
-
1час
-
1час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5